Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 е регистриран денеска во 9 часот и 54 минути во Скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
Претходно, Европскиот медитерански сеиозмолошки центар објави дека земјотресот бил на тримеѓето Македонија-Косово-Србија на длабочина од пет километри.