Советот на Општина Шуто Оризари поради зголемениот број на нарушувања на јавниот ред и мир, зголемената фреквенција на посетители на пазарот, како и поради сообраќајниот метеж на главната улица во Шуто Оризари донесе одлука за отворање на полициско одделение.
Од општината соопштија дека ќе биде отстапен објект во сопственост на општината за отворање на одделението.
– Работата на полициското одделение ќе биде во согласност со надлежностите на Министерството за внатрешни работи, а во насока на превентивно делување-спречување на кривични дела, зголемување на заштитата на безбедноста на граѓаните и ефикасно разоткривање на сторителите на кривични дела – соопштија од Општина Шуто Оризари.