Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ потпиша меморандум за соработка со универзитетот „Мајка Тереза“. Претпријатието и високошколската образовна установа ќе остваруваат соработка при реализација на едукативни програми и изведување практична настава и работа за студентите.
Документот што го потпишаа директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, и ректорот на универзитетот „Мајка Тереза“, професор д-р Азис Положани, ги обврзува и на заедничко подготвување програми за научно-стручно оспособување кадри од областа на животната средина.
– Очекувам соработката со високообразовните институции да резултира со иновативни и претприемачки креации за ефикасно менаџирање со комуналниот отпад – изјави директорот Шабани..