Силниот ветер предизвикан од невремето, скрши крошна од липа засадена во паркот Жена-борец, во центарот на Скопје.
Крошната паднала врз двете коловозни ленти на улицата меѓу Градскиот трговски центар и Градската општа болница „8-ми Септември“.
Во моментов, полицијата го регулира сообраќајот на тој дел од улицата, сè додека не се отстрани стеблото од коловозот. М.Ј.И.