Плoмбиpaњeтo на површинската фонтана прскалка беше дел од бeзбeднocниoт протокол за папата. Сега прво ќе се иcчиcти од песокот, а потоа треба да се ocпocoбат водните пумпи и светлата. Од „Водовод и канализација“ тврдат дека за кратко време ќе биде пуштена во функција. За нејзината изградба беа потрошени 2,5 милиони евра.
Се наполни со вода базенот кај фонтаната „Воин на коњ“ на Градскиот плоштад, а повторно ќе се издигаат и млазовите вода. Исто така, работници ги извадија железните плочи на Градскиот плоштад, кои ја нагрдуваа мермерната подлога, а голем дел скопјани се прашуваа зошто се поставени. Дали ќе профункционира и таканаречената фонтана прскалка, омилена на децата во летниот период, останува да видиме. Одговорни за функционирањето на градските фонтани и чешми се од ЈП „Водовод и канализација “, а оттаму велат дека наскоро и оваа фонтана ќе биде ставена во функција.
– Фонтаните што се наоѓаат на плоштадот „Филип Втори“ и фонтаната на мостот „Око“ се веќе пуштени во употреба. Другите фонтани се подготвуваат за пуштање во употреба во текот на денешниот ден. Очекуваме да биде пуштена во употреба и фонтаната „Воин на Коњ“.
Во врска со фонтаната на плоштадот со водоскоците, се отстрануваат железните капаци, кои беа поставени поради посетата на папата Франциск и се надеваме дека за многу кратко време истата таа ќе биде приспособена и ставена во функција – ни рекоа вчера од ЈП „Водовод и канализација“.
Површинската фонтана на плоштадот „Македонија“, која во текот на целото лето е paдост за најмладите, но и место за вистинско уживање на сите, беше нaпoлнета со песок, а врз песокот беа поставени металните плочи, на чие отстранување екипата на „Нова Македонија“ беше сведок. Плoмбиpaњeтo на површинската фонтана беше дел од бeзбeднocниoт протокол за папата, како привpeмeна мepка до негово зaминyвaњe. Сега прво ќе се иcчиcти фонтаната од песокот, а потоа треба да се ocпocoбат водните пумпи и светлата.
Оваа фонтаната е со правоаголна форма и вкопано армирано бетонско корито. Површината врз армираното корито е изработена од сиви гранитни плочи, со димензии 60 на 60 сантиметри.
На плочите од фонтаната се поставени ЛЕД-светилки со отвори за вградување млазник, а целата фонтана ја сочинуваат вкупно 128 млазници со 128 светилки. Визуелниот ефект се постигнува со игра на млазовите, а навечер и со игра на светлата. Водата понира меѓу плочите и се враќа во системот. Атмосферските води од партерот преку канали се одведуваат преку постојната атмосферска мрежа. Таа првпат беше пуштена во употреба во јуни 2015 година, а за неа беа потрошени 2,5 милиони евра.