Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради промена на затварач Ф-125 мм., на ул. Жеглане 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од корисниците од ул. Фуштанска и Дурмиторска од 9:00 часот до завршување (општина Гази Баба).
Поради поставување на мерач на проток во пумпната станица во Ново Село, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Ново Село, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, с.Орман и с.Никиштани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 до 13:00 часот (општина Ѓорче Петров).