Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи „Статуафест и Баскеркараван“ ќе се одржи во Скопје од 20 до 22 јуни со почеток од 18 и 30 до 23 часот.
На фестивалот учество ќе земат светски познати артисти, баскери и живи статуи од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и артисти од Северна Македонија.
За музичкиот дел се задолжени Тони Зен, ДЏ Бугимен и Онија Блузерите.
Фестивалот ќе се одржува на плоштад „Македонија“ и на ул. Македонија која води од плоштад кон Мајка Тереза.
Главен покровител на фестивалот е град Скопје, а организатор е здружението на граѓани ТИМ ТЕАТРОС К од Скопје.