Во пресрет на 11 Октомври – Денот на народното востание, Град Скопје почна со акција за чистење на спомениците на Народно-ослободителната борба (НОБ).
Со оваа акција веќе се исчистени спомениците на жената борец, на Благоја Деспотовски – Шовељ, Перо Наков, Панче Пешев, како и споменикот на УРС-овите синдикати.
Од Градот најавуваат дека во наредниот период ќе продолжи акцијата за чистење на другите споменици на НОБ.
„Спомениците на учесниците во НОБ кои се поставени во Скопје заслужуваат посебно внимание и затоа Град Скопје ќе продолжи да се грижи тие редовно да се одржуваат заедно со просторот околу нив“, пишува во соопштението.