Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје изминативе денови исчистија приближно 30 кубни метри отпад од две диви депонии лоцирани во општината Чаир. Од претпријатието информираат дека во текот на завчерашниот ден екипите што работеле во третата смена ја исчистиле дивата депонија, која се наоѓаше до основното училиште „Тефејуз“.
Во текот на ноќните часови биле подигнати и транспортирани дваесетина кубни метри мешан комунален и кабаст отпад. Вчера беше расчистена уште една дива депонија, лоцирана во непосредната близина на турската амбасада и беа отстранети приближно десет кубни метри кабаст и градежен отпад. При расчистувањето на дивата депонија беа употребени специјално комунално возило – втоварувач и камион, додаваат од претпријатието.