Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 19 до 20 часот во Скопје ќе се одржи собир на граѓани и поради тоа во тој период ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на ул. „11 октомври“ на потегот од крстосницата со ул. „Даме Груев“ и крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ во двата правци.
Во денешното соопштение од МВР се подвлекува дека го почитуваат правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелираат граѓаните да се воздржат од преземање насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир.
– МВР, согласно своите законски обврски и надлежности, ќе спречи секакви можни обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните – стои во соопштението.