Поради уличен дефект ф-150мм на улица Душан Тасковиќ 35, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на високата зона од населбите Железара и Автокоманда. Поради потребата за санирање на дефектот, потребно е да се исклучат пумпите во П.С. Гази Баба.
Поради тоа прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите: Топанско Поле, Чаир, Скопје Север, Бутел и Гази Баба до санирање на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.