Општина Кисела Вода информира дека граѓаните, со пополнување на анкетен лист објавен на веб-страницата на општината, ќе имаат можност да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2021 година.
За таа цел, Општината ги повикува своите жители до 1 декември 2020 година, да го пополнат анкетниот лист, да ги посочат проблемите со кои се соочуваат, како и да дадат предлози за подобрување на условите за живот во нивните населени места.
Предлозите ќе бидат анализирани од страна на стручни лица, од одделните Сектори на Општината, по што, согласно можностите и надлежностите, ќе следува реализација на предложените проекти.
Граѓаните пополнетите анкетни листови, потребно е да ги испраќаат на e-mail: [email protected], по пошта или директно да ги доставуваат во архивата на Општина Кисела Вода, на ул. „Петар Дељан“ 17.
Сите заинтересирани, анкетниот лист може да го преземат на следниот линк.