Претседателот Стево Пендаровски и првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, денеска беа дел од втората по ред „Парада на гордоста“ во Скопје, која се одржа под слоганот „Вон ѕидовите!“.
– Почит кон различностите. Да не ги стигматизираме и да не ги изолираме луѓето поради нивната сексуална ориентација. Секој има право на избор – порача претседателот во објава на социјалните мрежи, во чиј прилог постави и галерија со фотографии од денешниот настан за поддршка на ЛГБТ заедницата.
Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество, соопштија претходно организаторите на втората „Парада на гордоста“.