Општината Кисела Вода почнува со пролетната дератизација на јавните површини на својата територија и во согласност со планот ќе бидат опфатени 1.960 шахти. Од денеска постапката за уништување на глодачите започнува од урбаните заедници Пржино и Црниче, по што ќе бидат опфатени и сите јавни површини низ другите месни и урбани заедници низ општината.
Како што информираат од Кисела Вода, дератизацијата ја реализираат во соработка со Центарот за јавно здравје во согласност со програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина. Вакви акции за уништување на штетните глодачи општината реализира двапати годишно, напролет и наесен.
За да биде дератизацијата успешна, треба да се реализира синхронизирано во сите општини за да не можат глодачите да отидат од една во друга општина.