Општината Аеродром изминатиов период санираше дупки на улиците, кои се под нејзина надлежност. Работите запреа во изминатиов дождлив период, а сега откако се подобрија временските услови, градежните активности продолжија за да се комплетира санацијата на ударните дупки на планираните сообраќајници.
Изминатите денови беше извршена санација на коловозите на улици во Горно Лисиче, потоа во населбата Лисиче и во Реонскиот центар.
Од општината Аеродром велат дека деновиве се работи на санација на ударните дупки на улицата 23 Октомври во населбата Острово. Додаваат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, за да се подобри патната инфраструктура и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.