Во насока на зачувување на здравјето на граѓаните од вирусот Ковид-19,
Општина Кисела Вода на својата територија вчера изврши дезинфекција на сите автобуски постојки.
Во периодот што следува, општината ќе продолжи да дава придонес за побрзо надминување на кризата со вирусот, ќе продолжи да спроведува акции за дезинфекција на урбаната опрема во парковите, детските и спортските игралишта.
Покрај извршената дезинфекција во градинките и училиштата, во истите повторно ќе биде извршена дезинфекција.