Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов, и неговата сопруга Билјана Ангелова, денеска во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, на учениците им однесоа 100 новогодишни пакетчиња, од кои 50 беа подарок од Општината и 50 од амбасадата.
Со претпразничниот благороден гест, Општината и бугарската амбасада многу ги израдуваа дечињата, кои за возврат со изведба на неколку детски новогодишни песнички ги расположија присутните.
Општина Кисела Вода пријателската соработка со амбасадата на Република Бугарија ќе ја продолжи и во иднина.