По повод новогодишните и божиќните празници, општина Бутел денес организираше новогодишен хуманитарен базар.
На базарот учествуваа учениците од сите седум основно општински училишта, како и децата од градинката „11 Октомври“.
Собраните средства од продажбата на нивните новогодишни производи беа наменети за 21 годишно момче Филип кое боледува од инфантилна церебрална парализа. На настанот учество зема и градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски и ги посети сите штандови со производи спремни од вредните и хумани дечиња. Во своето обраќање тој истакна дека Општина Бутел ќе продолжи со ваквите настани кој ќе бидат поддршка на сите оние кои им е најпотребна помош. На крајот тој се заблагодари на сите учесници на настанот, родителите, учениците и посебна благодарност истакна до лицата од Заводот за рехабилитација кој земаа учество со свои производи на настанот.