Граѓаните од Нерези и Тафталиџе 2 во општина Карпош добија нов детски парк и урбан сквер.
Новиот парк денеска на денот на општината 3-ри ноември, го отвори градоначалникот Стефан Богоев, заедно со заменик министерот за животна средина Јани Макрадули и со заменик министерот за култура Владо Лазовски, како и со претседателот на Советот на општина Карпош, Андреј Манолев и советниците.
На отворањето на паркот Богоев, како што информираат од општина Карпош, посочил дека во него се засадени нови 15 дрвја и нови растенија–лаванди, а поставените детски реквизити се од еколошки материјали.
Во рамки на одбележувањето на Денот на Карпош, изминатата недела беа организирани хуманитарна и крводарителска акција, засадени 200 нови дрвја и донирани прочистувачи за воздух за градинката „Орце Николов“ во Карпош 4, информираат од општината.