Скопските матуранти од 16 средни училишта точно напладне на Градскиот плоштад го одиграа својот танц квадрил и со тоа ја заокружија годинешната Матурска парада. Со нив во исто време танцуваа и матурантите од Струга, Охрид, Струмица, Гевгелија и од Куманово. На звуците од Штраус танцуваа со нив и матурантите од 62 града во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска, Црна Гора.
Македонските матуранти, како и сите други учесници на Матурската парада од другите градови од земјава и пошироко, дадоа заклетва за ненасилство. На Градскиот плоштад во Скопје матурантите се забавуваа со музичките изведби на Антониа Гиговска, Александар Тарабунов, Миа Мустафа и учениците од СУГС „Димитар Влахов“. С.Р.