Со една заедничка цел, да дишат чист воздух граѓаните излегоа на протест во главниот град. Извикувајќи „Нема воздух, нема мир“, .„Сакам да дишам“,„Здравјето пред профитот“ и „Воздух за сите“ беа дел од паролите на протестот под име „Зелена револуција“ кој беше организиран од иницијативата „О2“. Десетина граѓански организации и стотици граѓани маршираа од министерството за животна средна преку Собрание до Влада во знак на револт за неисполнетите ветувања во справувањето со загадувањето. Тие бараат решавање на 12 жешки еколошки точки, го потенцираа проблемот со хемискиот отпад во фабриката „ОХИС“ што, според нив, е еден вид атомска бомба на само четири километри од Скопје.
До надлежните институции имаат 250 барања за чист воздух.