На 19 јануари, кога се одбележува верскиот празник Водици, на одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров, Аеродром и населбата Хром, ќе има посебен сообраќаен режим.
Од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР-Скопје информираат дека во периодот од 10 часот до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата Филип Втори Македонски до булеварот Гоце Делчев, како и Кеј13 Ноември до булеварот Кочо Рацин.
Во општината Ѓорче Петров од 10 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле“, десно по булеварот Партизански одреди, потоа десно по улицата Ѓорче Петров. Ќе продолжи лево по улицата Васил Чакаларов, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата Демир Трајко и лево по улицата Васил Чакаларов до Железничкиот мост на реката Вардар.
Во општината Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.