По повод верскиот празник Задушница, утре и задутре на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, информираат од ЈСП.
Како што соопштуваат оттаму, утре дополнителни автобуси (термини) на линија 59 ќе бидат од Карпош: 9.00, 10.30, 12.00, 13.30 и 15.00 часот, од Гробишта Бутел: 9.45, 11.15, 12.45, 14.15, 15.45 часот.
Задутре, во сабота, дополнителни автобуси (термини) што ќе сообраќаат на линија 59 ќе бидат од Карпош 3 во: 7.00, 8.10, 8.35, 9.40, 10.05, 11.10, 11.35, 12.40 часот и од Гробишта Бутел: 7.45, 8.55, 9.20, 10.25, 10.45, 11.55, 12.20 и 13.25 часот.