ЈП Водовод и канализација – Скопје, во интерес на своите корисници и граѓаните на град Скопје, почнувајќи од 17 јуни до 31 јули спроведе уште една акција за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица.
Во рамки на акцијата за наплата на долговите на рати без камата, која заврши на 31 јули (петок) можноста ја искористија 551 корисник и се потпишаа исто толку договори. Вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е 36,5 милиони денари.
ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до своите корисници редовно да ги подмируваат своите долгови и разумно и рационално да ја употребуваат водата, да бидат одговорни и да се однесуваат совесно во однос на заштитата на водоснабдителниот и канализацискиот систем.
Граѓаните можат да пријават див водоводен приклучок и злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем на
– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
– 02 3240 300, Дирекција
– [email protected]
– www.vodovod-skopje.com.mk
– www.facebook.com/jpvodovod.skopje