На кејот на реката Вардар, во близината на спортскиот центар „Јане Сандански“ се одржа пожарникарскиот крос-натпревар „Пожарко 2018“. Право на учество на кросот, кој се одржува единаесетти пат во категориите машки 600 метри и женски 500 метри, имаа учениците од осмо и од деветто одделение од основните училишта од градот Скопје.
Традиционалниот пожарникарски крос за учениците од основните училишта од градот Скопје се организира по повод 20 мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија. Оваа спортска манифестација е во организација на општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, а се организира во соработка со Противпожарниот сојуз на градот Скопје. Манифестација придонесува за развојот и поттикнување на свеста кај младата популација за заштита од пожари. Х.Ј.