На градските гробишта во Бутел домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во далечната 1963 година.
Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Исто така, цвеќе положи и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советничките Ирена Попова, Халиде Полоши и Соња Глинџарска.
Со положување цвеќиња почит на жртви во земјотресот во Скопје што се случи пред 56 години, дадоа и делегација од државниот врв на Македонија, делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје и Македонија, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани на Републикава, како и делегации од странство во нашава земја.