Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Сарај, Кисела Вода и Студеничани.
Во периодот од 09:30 – 14:30 часот без струја ќе бидат делови од село Рашче во општина Сарај, а од 13:00 – 14:00 часот дел од улицата „Народни Херои“ – броеви 19, 21 и 23, ул. „Никола Добровиќ“ и средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 08:30 – 15:00 часот ќе имаат корисниците од ул. „Пушкинова“ бр. 6, во општина Кисела Вода и од 09:00 – 13:00 часот дел од село Љубин во општина Студеничани.