Корисниците од влезот во селото Радуша утре од 9 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Бојане, од 9 до 13 часот корисниците од селото Студеничани, од 10.30 до 12.30 часот корисниците од селата Горњани, Бањани, дел од селото Мирковци, Караула Рамно и хидроцентралата Хидро Инвест, а од 12.30 до 14.30 часот корисниците од селата Чардак, Глуво, Бразда, Горно Оризари и дел од село Мирковци.
Во периодот од 12 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе останат улиците „Јабланица“ и „Саса“ во општина Кисела Вода, од 8 до 11.30 часот дел од улиците „Ваташа“, „Жарко Зрењанин“ и „Славка Димовска“ во истата општина, од 8.30 до 14.30 часот улиците „Ѓорѓи Капчев“ и „2“, како и околните улици во општина Аеродром, од 9 до 15 часот караулата Радуша и селата Орашје и Дворце, а од 9 до 15 часот улиците „1“, „4“ и „6“ во село Батинци.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.