Поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник Ф-125мм на улицата „Орце Николов“ бб, кај фонтаната на плоштад „Македонија“, утре ќе има прекин во водоснабдувањето.
Корисниците од дел од улиците „Орце Николов“, „Скопска“, „Никола Кљусев“ и Кеј „13 – ти Ноември“ утре ќе бидат без вода од 9 часот, па се до завршување на интервенцијата.