Без вода утре од 9 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на булеварот „Јане Сандански“, од зградите од број 57 до 107.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од 150 милиметри на булеварот „Јане Сандански“ бр. 59.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на дефектот.