Дел од корисниците лоцирани на улицата „Новопроектирана“ 2 во Реонски центар Аеродром утре од 9 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што соопшти Дежурно-информативниот центар на ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на оваа улица.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.