ЈП Водовод и канализација – Скопје донесе одлука за спроведување на уште една акција за исплата на заостанатите долгови без камата за задоцнето плаќање.
Акцијата за наплата на долговите без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, од 2 ноември до 15 декември годинава. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.
– Имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пандемијата, повторно излегуваме во пресрет на потребите на граѓаните. Имено, секој работен ден од 8 до 14 часот, граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот – се наведува во соопштението на ЈП Водовод и канализација- Скопје.
Од таму додаваат и дека процесот за наплата ќе се одвива непречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на коронавирусот.
– Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита – стои во соопштението.