Новото издание на годинешниот „Баскерфест“ е планирано да трае од 12 до 17 јуни. Шестдневниот настан ќе се одржи на градскиот плоштад „Македонија“.
На ова тринаесетто издание ќе учествуваат 30 улични артисти од светот. На отворената сцена на плоштадот граѓаните ќе ги забавуваат различни учесници и шоумени. За посетителите на „Баскерфест“ се подготвува најголемото улично шоу, а дел од сценариото се циркус, индиски спектакл, повеќе жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчари.
Исто така ќе има и едукативни работилници за деца, пулт за едукација и помош за бездомните животни и уште многу забавни содржини за сите посетители.
И оваа година „Баскерфест“ е поддржан од градот Скопје.