„Нешто се крчка во Скопје Зоо? Секојдневно се работи на изградбата на првиот македонски дино-парк, каде што посетителите ќе имаат можност да видат како изгледале 41 вид диносауруси во природна големина“, пишува на фејсбук-страницата на Зоолошката градина.
Според последните информации, дино-паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе бидат поставени 41 фигура од различните видови праисториски животни, кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци. За изградбата на дино-паркот се предвидени околу 20 милиони денари, а отворањето може да се очекува следната година.
Овој проект се изработува во соработка со градот Скопје, а со неговата реализација Зоолошката градина ќе добие нов тематски парк со забавно-едукативен карактер.
Посетителите од сите возрасти ќе можат да се едукацираат и да дознаат нешто повеќе за праисториските животни.