Општина Ѓорче Петров им го реши долгогодишниот проблем на жителите од населбата Стопански Двор и ја затвори дупката и го спречи неконтролираното излевање на минерална вода и гас. Од Општината велат посветиле време и напор за да се реши долгогодишниот проблем. Појаснуваат дека проектот е изработен од компанија што поседува овластување за изработка и изведување вакви дејности, ревидиран е исто така од овластена компанија, одобрен од надлежните инспекциски служби. ТГС „Технички гасови“ АД Скопје, како поранешен концесионер, ја заврши обврската за затворање на дупката, со што локално се придонесе за заштита на животната средина преку спречување на излевање на јаглерод диоксид во атмосферата, а истовремено се зачувуваа и природните ресурси што не се користат.
– Во завршните работи изврши увид и државната секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ-Дуровиќ, во чија надлежност е управувањето со минералните суровини. Како надлежна институција, Министерството за економија се заложи кон решавање на овој проблем, со кој, покрај штетите што му се правеа на локалното население, истовремено нерационално се намалуваа и резервите на природните ресурси и се нарушуваше состојбата со подземните води во околината. По одржаните состаноци со поранешниот концесионер ТГС „Технички гасови“ АД Скопје, се пристапи кон изработка на проект за затворање на дупнатината, а потоа се пристапи и кон реализација на проектот – велат од Општина Ѓорче Петров.