Градот Скопје известува дека улицата Лазар Личеноски ќе биде целосно затворена за сообраќај на потегот од СРЦ „Кале“ до пред Амбасадата на САД во периодот од 5 часот на 14 октомври до 19 часот на 15 октомври, поради асфалтирање.
Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на воведениот привремен сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.