Општината Кисела Вода во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од 21 до 29 септември ќе реализира акција за собирање кабест отпад. Планираната акција е по повод Светскиот ден на чистењето, а целта е да се собере стариот и непотребен мебел од граѓаните, како и отпадот од електронска и електрична опрема на територија на општината.
– ЈП ,,Комунална хигиена“ ќе постави три специјални контејнери на три локации, во кои граѓаните ќе можат да го фрлаат кабестиот отпад. Едниот ќе биде поставен на улицата 14 Декември – кај „Гет кафе“, вториот кај зградите во населбата 11 Октомври, кај паркот „Пушкин“. Трет контејнер ќе има и во населбата Драчево, на улицата Ратко Митровиќ, кај спортската сала -информираат од општината Кисела Вода.
Оттаму ги замолуваат сите граѓани отпадот да го фрлаат во точно предвидените термини и локации и напоменуваат дека надвор од определениот датум не е дозволено фрлање на кабестиот отпад.