Општина Кисела Вода продолжува да ги подобрува условите за детска игра и забава на својата територија. Во населбата Драчево, во паркот „Бранители“ привршуваат работните активности за изградба на детско игралиште.
За таа цел, денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, изврши увид во завршните активности за изградба на игралиштето.
Општината, детско игралиште со летниковец направи и на месноста „Три круши“, во селото Драчево, а неодамна целосно го реконструираше и игралиштето во населбата Црниче. И во периодот што следува Општина Кисела Вода ќе прави се за децата да имаат среќно и безгрижно детство.