Вкупно 342 оџаци се исчистени од 24 септември до денес низ Скопје, по воведувањето субвенции од Град Скопје за чистење оџаци.
Споредено со истиот период во 2017 година, кога биле исчистени 233 оџаци, бројот на исчистени оџаци на територијата на Град Скопје годинава е зголемен за 47 отсто.
Субвенциите за чистење оџаци се една од 27-те нови интервентни мерки со кои градската администрација годинава се справува со проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух.
Град Скопје оваа есен субвенционира 2.000 домаќинства и други субјекти за чистење оџаци. Износот на субвенцијата е 1.000 денари, независно од вредноста на услугата за чистење. За оваа намена во буџетот на Градот се одвоени два милиони денари.