Поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, како и асфалтирање прекоп извршен од БЕГ кај Порта Влае, во текот на претстојниов викенд ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.
Утре во 8.00 часот ќе се затвори булеварот „Партизански одреди“ на потег од крстосницата со улицата Никола Парапунов до мостот Влајко, во правец од Центар кон Ѓорче Петров.
Сите возила и автобуси кои ќе гравитираат од Центар кон Ѓорче Петров, ќе се пренасочат по улиците „Московска“ и „Васил Чакаларов“ или по улиците „Скупи“ и „Ацо Шопов“.
Во недела ќе биде целосно затворен за сообраќај булеварот „Партизански одреди“ во насока од Ѓорче Петров кон Центар. Сите возила и автобуси на ЈСП кои ќе се движат од Ѓорче Петров кон Центар, ќе се пренасочат по улиците „Васил Чакаларов“ и „Ацо Шопов“.
Од Град Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.