Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала денеска напладне беше почувствуван во Скопје и околината.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот се случил во 12 часот и 05 минути, со епицентар на скопското подрачје.
Земјотресот бил почувствуван со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека станува збор за слаб потрес кој може да го почувствуваат дел од граѓаните, без да предизвика штети.
Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат граѓаните кои го почувствувале земјотресот да пополнат прашалник за почувствуваност, достапен на нивната веб-страница, со цел подобро следење и анализирање на сеизмичките активности.
Нема информации за настанати штети.


































