Фото: Принтскрин

Утрово е затворена скопската Зоолошка градина. Како што објави екс-директорот на Зоолошката, Ѓорѓи Галетановски тоа е поради птичји грип.

Според пишувањата на медиумите, пак, причина за затворањето е заразена гуска.

Во моментов Зоолошката градина е  затворена.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков во свој пост на Фејсбук пишува: „Скопје ЗОО од утрово е затворена за посетители! Истото тоа е по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство под сомнение за опасни вируси! Во моментов инспектори и доктори по ветерина се внатре со скафандери и работат на утврдувањето. Повеќе детали официјално чекаме од АХВ и Град Скопје“.
Се очекува официјално соопштение од Агенцијата за храна и ветеринарство.