Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на Железничката станица, ЈП ЖРСМ Инфраструктура почна со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата.
Директорот на Железници инфраструктура, Синиша Ивановски, преку објава на својот Фејсбук профил посочува дека ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.
-Благодарност до одговорните компании кои ја сфатија важноста на овој процес и се согласија за отстранување на нивните билборди – напиша Ивановски и објави видео од денешната акција.




































