Фото: Маја Јаневска-Илиева

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека утре и задутре автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред поради празникот Раѓање Христово – Божик.

Дежурни утре ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар (од 08:00 до 14:00) и Жичница (од 10:00 до 17:00).

Жичницата утре и задутре ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

ЈСП Скопје им ги честита божикќите празници на сите православните христијани.