Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во недела, 2 јуни, од 11 до 12 часот, поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“, ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците.

Стартната позиција на трката е од Порта „Македонија“, а оттаму по улицте Димитрие Чупоски и Васил Главинов, а ќе продолжи по булеварите ВМРО и Илинден, до крстосницата со улицата Наум Наумовски Борче, кај Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.