Поради најавената посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, утре во централното подрачје на Скопје ќе биде водеден посебен режим на сообраќај.
Од СВР Скопје информираат дека ќе бидат преземени мерки за регулирање на движењето и упатуваат апел до граѓаните да ги следат упатствата на полициските службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.


































