Од цистерна во фабриката „Охис“ се излеала високо токсична и опасна материја.
Моментно во фабриката има големо присутство на полиција и противпожарно возило, а се уште нема официјални податоци за тоа за каква материја станува збор и колку е таа опасна по здравјето за граѓаните.
Забранет е влезот за новинарските екипи во фабриката, каде се шири непријатна миризба, но никој од присутните засега не дава подетални информации за тоа што се случило.