Фото: Маја Јаневска Илиева

Платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“ покажува дека Скопје претпладнево е на 7. место на светската листа на најзагадени градови.

Со индекс  на загаденост од 187  воздухот во Скопје е во категоријата „нездрав воздух“.

Прв на листата  е Лахор во Пакистан, по што следуваат Делхи во Индија и Вухан во Кина.

Министерството за животна средина и просторно планирање вчера информираше дека е надминат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Струмица.

Според последниот достапен извештај на сајтот на МЖСПП од Македонскиот информативен центар за животна средина за вчера, среднодневните концентрации на  суспендирани честички со димензија до 10 микрометри биле над рамките на граничната вредност на мерните места Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ректорат, Ѓорче Петров, Миладиновци, Битола 2, Кичево, Тетово, Гостивар, Охрид, Велес 2, Кавадарци, Куманово и Струмица.