Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Утре, со почеток во 12 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со рута на движење од пред Влада на булеварот „Илинден“, десно по булеварот ВМРО, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собранието и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

– Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници – велат од МВР.