Фото: Маја Јаневска-Илиева

В недела е најавен протестен марш

Самохраните мајки и еднородителски семејства в недела ќе протестираат за своите права. Маршот ќе почне во 13 часот од Жена – парк до Министерство за труд и социјална политика во центарот на Скопје. Мотото на маршот е „една може!“.

– Како единствена организација која се залага за правата на самохраните мајки и еднородителски семејства со овој протестен марш сакаме да изразиме незадоволството кон сите институции кои се глуви на нашите и барањата на нашите членки! Нашата цел е да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. Со задоволство ве покануваме сите, без разлика дали сте самохрани родители, разведени партнери, индивидуи, поддржувачи, млади и возрасни, новинари и репортери, вработени и невработени, јавни личности и политичари. Нашите права не смеат да бидат табу тема! Не повеќе! – велат организаторите.

Тие исто така апелираат да се пријават и волонтери за време на протестот.

– Првиот повик е за редари. Можете да повикате пријател(к)и, роднини, вашите деца доколку се поголеми и можат да ни помогнат. Ќе ни значи премногу! – наведуваат организаторите, додавајќи дека пријавувањето се врши преку следниот линк.

Вториот повик е за правење транспаренти во петок и сабота значи деновите пред настанот во нашите канцеларии. Можете да се пријавите тука.

Трето, но не помалку важно се вашите барања до институциите. Ние веќе имаме конкретни барања, но тука може да го наведете вашето лично барање и до која институција би сакале да го поднесете.

Ајде бидеме многубројни, на овој прв протестен марш на самохраните мајки и еднородителски семејства, за секоја една да може! – порачуваат организаторите.